Веќе утре е промоцијата на второто засилување на „Стенфорд Бриџ“.
Во сенка на исчекување на заминувањето на Мичу Батшуаи и доаѓањето на Оливие Жиру, Челси ја завршува работата околу доведувањето на лев бек кој ќе биде алтернатива на Маркос Алонсо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните вести од Италија гласат дека Челси конечно го договори трансфери на левиот бек, Емерсон Палмери од Рома и дека тој вечерва ќе допатува во Лондон, а веќе утре ќе следуваат прегледите и промоцијата на „Стенфорд Бриџ“.
Емерсон се очекуваше да пристигне во пакет со Един Џеко, но трансферот на Босанецот пропадна па Бразилецот сам ќе допатува во англискиот клуб. Рома како оштета веднаш ќе добие 20 милиони евра, додека дополнителни шест ќе бидат исплатени преку бонуси.
Овој фудбалер во Рома пристигна пред две години за само два милиони евра од редовите на Палермо.