Првото полуинале во ФА Купот вечерва ќе го играат Арсенал и Манчестер Сити на „Вембли“.
Во последниот натпревар помеѓу овие две екипи пред еден месец славеа „граѓаните“ со 3:0, тогаш ужасен натпревар одигра Давид Луиз. Бразилецот на теренот се задржа помалку од половина час. Влезе кон средината на полувреме, направи неколку големи грешки и на стартот на вториот дел доби црвен картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред вечерашниот натпревар Гвардиола го пофали Луиз.
„ИМам голема почит за Давис Луиз. Тој е пример за играч со неверојатен менталитет и со силен карактер. Кога ги слушав критиките на стручните коментатори се смеев. Многу од нив беа дефанзивци и како тие да не направиле грешки во кариерата“, изјави Гвардиола.