Дома Трансфер зона Додека се чека Азар, Реал договори уште еден голем трансфер!

Додека се чека Азар, Реал договори уште еден голем трансфер!

Реал Мадрид е пред комплетирање на вториот трансфер за следната сезона, а станува збор за левиот бек на Лион, Ферланд Менди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пред неколку месеци Реал Мадрид го договори Едер Милитао од Порто, „кралевите“ наскоро ќе потпишат и со Менди, кој е желба на тренерот Зидан.

„Марка“ пишува дека биле одржани официјални преговори меѓу Лион и Реал, па двете страни на состанокот биле задоволни со преговорите и во наредните денови се очекува официјална потврда на трансферот.

Левиот бек е голема желба на тренерот Зинедин Зидан и еден од приоритетите за летово, па останува уште да се договорат двата клуба за износот на трансферот.

Лион првично бараше 55 милиони евра за Менди, но шпанските медиуми тврдат дека трансферот ќе се реализира за околу 40 милиони евра.

Во меѓувреме, „АС“ потврди дека се е спремно и за доаѓањето на Еден Азар од Челзи. Наводно закажана е презентација на Белгиецот за понеделник, а „кралевите“ за неговиот потпис ќе платат 115 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…