Дома Топ вести Договор има: Суарез оди во Атлетико бесплатно и два милиони евра бонуси!

Договор има: Суарез оди во Атлетико бесплатно и два милиони евра бонуси!

Не е исклучено да се случи нов пресврт, но сега работите стојат вака: Луис Суарез оди во Атлетико! Во случај да не се случи нешто неочекувано, Суарез многу брзо би можел да стане играч на „јорганџиите“.

Вчера бил одржан состанок помеѓу адвокатите на Суарез и раководството на Барселона кој го претставувал Хозе Марија Бартомеу.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона и Суарез вчера имаа договор Уругваецот да премине во Атлетико без оштета и да се согласи на исплата од седум милиони евра од можните 15 колку што му следуваат за последната година од договорот. Недостасуваше само потписот на Барса за договор, но потоа под притисок од управниот одбор побарал оштета од 10 милиони евра, плус Суарез да се откаже од цела последна година од договорот. Тоа го налутило Суарез кој се заканил дека ќе открие работи кои клубот не сака да се знаат и дека е спремен цела сезона да седи на трибини и да си ги земе тие 15 милиони евра.

Поради таквиот ставо се одржал итен состанок. Двете страни повторно седнаа на преговори.

Без оглед дали им верувата на мадритските или каталонските медиуми, веста е таа – договор има! Суарез според информациите се согласил да се откаже од целиот договор и да замине како слободен играч, тоа го пишуваат Каталонците. Мадритските медиуми пак јавуваат дека Суарез исто така оди без оштета, но додаваат дека Атлетико ќе и исплати на Барселона два милиони евра преку бонуси.

Суарез се согласил во Атлетико да добва плата од 7.5 милиони евра. Потписот на договорот би можеле да го очекуваме веќе утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…