Формулата во Торино веќе е позната.
Пјетро Пелегри кој има само 16 години вниманието на себе го сврте на „Олимпико“ со погодокот во последниот натпревар на Франческо Тоти. Оваа сезона имаше повремени блесоци во дресот на Џенова, доволно за да биде забележан од страна на италијанскиот шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните два дена Бепе Марота водеше интезивни преговори со неговите колеги од Џенова и како што пренесуваат италијанските медиуми договорот е на повидок. Џенова на стартот на преговорите бараше 30 милиони евра, „старата дама“ понуди 10 милиони евра како оштета и 20 преку бонуси и изгледа дека раката брзо ќе биде подадена.
И тоа по веќе проврена формула кога во прашање се талентираните фудбалери кои Јувентус ги купува. Пелегри секако не би можел веднаш да се надева минути кај Масимилијано Алегри поради тоа се споменува опција за потпишување на договор оваа зима и останување на Пелегри во Џенова како позајмен фудбалер во наредната година ипол.
Токму како што „старата дама“ направи со Матија Калдара кого „црно белите“ го купија минатата зима и го оставија во Аталанта за да го добија ова лето.
Пјетро Пелегри е младински репрезентативец висок 196 сантиметри кој пред неколку месеци во изјава за италијанските медиуми истакна дека негов идол е Златан Ибрахимовиќ.