Дома Останати Авто Мото Довициозо со трилер победа на првата Мото ГП трка

Довициозо со трилер победа на првата Мото ГП трка

Андреа Довициозо и Дукати покажаа дека и во 2018 година ќе се обидат да ја симнат Мото ГП круната од главата на Марк Маркез и Хонда, со трилер-победа на првата трка од новата сезона, ноќното Катар ГП на патеката „Лосаил“.

Довициозо славеше иако стартуваше од петтата позиција, а успеа да го помине Маркез по жестоката битка во последните свиоци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Маркез со атак во последната кривина се обиде да ја украде победата, но Дови одново го надитри, му дозволи да го помине на кочење, но затоа пак си обезбеди подобар излез од кривината и со помош на моќта на Дукати прв мина низ целта со предност од 27 илјадитинки за голема победа и најава за возбудлива сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…