Андреа Довициозо победи на трката за Големата награда на Каталуња. Возачот на Дукати победи пред двоецот на Репсол Хонда, актуелниот шампион Марк Маркез и Дани Педроса кој ја имаше пол позицијата на стартот.
Андреа Довициозо и Дукати ја продолжуваат сезоната од сништата, Италијанецот кој победи минатиот викенд во Муџело, беше најдобар и на трката за Големата награда на Каталуња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен пат во „кралската класа“ Дукати врзал две победи во 2010 година, кога Кеј-Си Стонер победи во Арагон и Јапонија.
Довициозо кој трката ја започна од седмата позиција знаеше да ја искористи предноста на својот мотоцикл и успеа да триумфира со време 44:41.518 минути.
На патеката во Каталуња разочараа возачите на Јамаха, лидерот во генералниот пласман Маверик Вињалес беше десетти, а Валентино роси заврши на осмата позиција.
По оваа трка Вињалес остана лидер во генералниот пласман 111 бодови, втор е Довициозо кој му се доближи на лидерот на само седум бода. Во трка за титулата се уште и Маркез (88), Педроса (840 и Роси (83).
Наредната трка се вози за две недели во Асен, Холандија.