Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Добри вести за „црвената фурија“ – се врати Карвахал!

Добри вести за „црвената фурија“ – се врати Карвахал!

Десниот бек на „црвената фурија“, Дани Карвахал ќе биде во стартниот состав за утрешниот меч против Иран, пренесуваат шпанските медиуми.

Десниот бек на Реал Мадрид го пропушти првиот меч против Португалија поради повреда со која се здоби во финалето од Лигата на шампиони.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Медиумите во Шпанија тврдат дека Карвахал е целосно опоравен од повредата, па се чека селекторот Фернандо Јеро да донесе конечна одлука.

Во првиот меч на неговото место играше Начо и одигра одлична притоа постигна и прекрасен гол, но најавите се дека сепак Карвахал ќе го започне натпреварот против Иран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…