Пристигнаа добри вести за Јувентус. Неколку играчи на Старата дама се на добар пат целосно да се опорават од повредата пред продолжението во натпреварувањето во Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Данило и Перин вчера се вратија на тренинзите со остатокот од екипата.
Исто така, Маурисио Сари наскоро повторно може да смета на Арон Ремзи кој ги пропушти наптреварите за Велс, но вчера одработи половина тренинг.
Кога се во прашање Даглас Коста и Матија Де Шиљо, и тие се близу до враќање во нормален тренинг процес. Имено, тие и натаму работат индивидуални тренинзи, но се блиску до враќање.