Тренерот на Милан, Стефано Пиоли доби добри вести пред гостувањето кај Манчестер Јунајтед во во Лига Европа во четврток.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ во моментов имаат голем број на повредени фудбалери, па Пиоли на последниот меч против Верона не можеше да смета дури на 9 првотимци.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Тео Хернандес, Тонали, Ребиќ и Кјаер ќе бидат спремни за мечот со Манчестер Јунајтед.
Бенасер, Чалханоглу и Манџукиќ се брзо до враќање на терените и би требало да се вратат за дербито со Наполи во недела.
Што се однесува до Ибрахимовиќ, последните прогнози се дека ќе биде спремен за реваншот со Манчестер Јунајтед.