
Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар одработил цел утрински тренинг со соиграчите и така отстранил голема дилема за тренерот Зинедин Зидан пред неделата полна со предизвици.
Белгиецот поради повреда на мускулот требаше да се врати на почетокот на мај, но откако бил ангажиран репрезентативниот физиотерапевт опоравувањето за Азар одело далеку побрзо.
Зидан пред неколку дена го отпиша за натпреварот во Лигата на шампионите против Ливерпул и претсојното „Ел Класико“ против Барселона следниот викенд.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
После одличните вести пред неколку дена Азар во петокот со нешто послаб интезитет тренираше со соиграчите, додека денес неговиот тренинг не се разликувал од оној на неговите соиграчи.
Реал после саботната победа против Еибар дојде на само три бода заостанување од Атлетико и доколку вечерва тимот на Симеоне не ја победи Севиља трката за титулата ќе биде целосно отворена
„Кралевите“ во вторник ќе играат против Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, додека во сабота ќе ја пречекаат Барселона.