Дома Фудбал Италија Ди Натале открива: Не бил само Јувентус, одбил уште еден гигант!

Ди Натале открива: Не бил само Јувентус, одбил уште еден гигант!

Легендарниот напаѓач Антонио Ди Натале во разговор за „Тутоспорт“ откри дека Ливерпул сакал да го доведе по секоја цена.

Ди Натале своевремено беше еден од најдобрите италијански напаѓачи во Серија А постигна 210 голови на 445 натпревари и освои две награди за најдобар стрелец во лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно истакнуваше дека неколку пати го одбил Јувентус, но „старата дама“ не е единствениот гигант кој сакал да го доведе.

„Сакав да останам во Удинезе. Ја освоив титулата за најдобар стрелец и потпишав договор на четири години, па не сакав ништо да менувам. Ливерпул ме сакаше по секоја цена. Беа спремни да направат било што за да потпишам за нив, но за мене немаше смисла да одам во Англија кога веќе го одбив Јувентус“, откри Ди Натале.

Ди Натале помеѓу другото го опиша Кристиано Роналдо како идеален играч за него.

„Роналдо е идеален играч за мене бидејќи е брз и со нозете и со главата. Во мое време бев малку како него“, смета легендарниот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…