Дома Фудбал Италија Ди Марцио: Анчелоти заминува после Генк, познат е и новиот тренер

Ди Марцио: Анчелоти заминува после Генк, познат е и новиот тренер

Тимот на македонскиот фудбалер, Елиф Елмас, Наполи наскоро ќе добие нов тренер, тврди Џанлука Ди Марцио.

Имено, познатиот италијански новинар пишува дека Џенаро Гатузо договорил 18 месечна соработка со Наполитанците и дека Анчелоти ќе си замине по денешниот натпревар со Генк, без разлика каков ќе биде резултатот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот клуб денес го игра натпреварот со Генк во 6. коло од Лигата на шампионите и доволен му е бод за да помине во следната фаза.

Иако претходно се сметаше дека пласман во топ 16 ќе биде доволен за Анчелоти да остане на клупата изгледа дека Де Лаурентис повеќе нема трпение.

Наполи во последните девет натпревари во сите натпреварувања е без победа, а атмосферата во тимот воопшто не е добра. Ди Марцио најавува дека и Анчелоти и да не биде отпуштен сам ќе поднесе оставка. Во таков случај Наполи не би требало да му го исплаќа преостанатиот дел од договорот.

Гатузо од 2017. до 2019. го водеше Милан од каде што си замина минатата сезона кога не успеа да обезбеди место во топ 4 во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…