Дома Трансфер зона Ди Марија може да се пресели во Серија А

Ди Марија може да се пресели во Серија А

Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент.

Италијанските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се пресели во Серија А.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанските гиганти Милан и Јувентус веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат Аргентинецот на лето како слободен агент.

Сепак, последната одлука ќе ја има Покетино, кој треба да одлучи дали ќе го задржи Ди Марија, кој преферира да остане во Париз.

Ди Марија веќе има 32 години, но има понуди од многу клубови ширум Европа бидејќи игра на високо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…