Дома Трансфер зона Ди Марија заминува, ПСЖ веќе му најде замена

Ди Марија заминува, ПСЖ веќе му најде замена

Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и на лето како слободен агент ќе го напушти клубот.

„Екип“ пренесува дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот асистент во историјата на ПСЖ ќе замине по крајот на сезоната, а неговиот агент веќе го понудил на неколку клубови.

Најсилен интерес за Аргентинецот покажуваат Наполи и Бенфика, па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.

„Паризиен“ тврди дека ПСЖ веќе нашле замена и постигнале договор со Осман Дембеле, кој треба да пристигне како слободен играч од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…