Дома Фудбал Лига на шампиони Директор на Барса: Добро се познаваме со ПСЖ!

Директор на Барса: Добро се познаваме со ПСЖ!

Директорот на Барселона, Гијермо Амор го коментираше денешниот жреб во Лигата на шампиони.

Каталонците за протовник го добија Пари Сент Жермен, минатогодишниот финалист, кој и оваа сезона е еден од главните фаворити.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Многу добро се познаваме со ПСЖ. Тоа е тим кој има неколку исклучителни фудбалери. Минатата година беа многу блиску до трофејот и стигнаа до финале. Оваа година исто така го сакаат трофејот, но ќе мораат да поминат преку Барселона“, изјави Амор.

Во последните години двата тима често се сретнуваат во Лигата на шампиони. Највпечатлив е двомечот од 2017 година, кога првиот дуел заврши 4:0 за ПСЖ, а во реваншот Барса победи 6:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …