Дома Фудбал Директорот на Јувентус: Се што пишува за Погба е лага

Директорот на Јувентус: Се што пишува за Погба е лага

Пол Погба скоро цела сезона беше повреден, а потоа кога се врати доби минутажа на два натпревари, па беше казнет и повторно се повреди.

Веднаш потоа се појавија најави од италијанските медиуми дека во Јувентус повеќе не сметаат сериозно на Погба и дека Французинот ќе си замине, сепак сето тоа го демантираше извршниот директор Франческо Калво.

Навивачите имаа големи очекувања, но сега се разочарани и ретко кој очекува дека Јувентус Погба може да биде подобар.

„Читав разни наслови во медиумите околу Погба. Но сето тоа е лага. Погба останува и се надеваме дека наскоро ќе го гледаме на теренот“, изјави Калво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…