Спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара ја прокоментира жешката тема за враќањето на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.
Искусниот Швеѓанец во моментов е играч на Л.А. Галакси, но неговиот договор истекува на крајот на годината и тој веќе има неколку понуди на маса.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека може да се врати во Милан и дека „росонерите“ веќе испратиле понуда до Ибра.
„Ибрахимовиќ е голем шампион кој има напишано некои од најславните страници во историјата на нашиот клуб. Но, засега поканата за враќање во Милано е само идеја. Кога ќе се отвори трансфер прозорецот со тренерот ќе видиме што може да се стори“, прокоментира Масара.