Дома Трансфер зона Директорот на Милан: Враќањето на Ибра засега е само идеја

Директорот на Милан: Враќањето на Ибра засега е само идеја

Спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара ја прокоментира жешката тема за враќањето на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.

Искусниот Швеѓанец во моментов е играч на Л.А. Галакси, но неговиот договор истекува на крајот на годината и тој веќе има неколку понуди на маса.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека може да се врати во Милан и дека „росонерите“ веќе испратиле понуда до Ибра.

Ибрахимовиќ е голем шампион кој има напишано некои од најславните страници во историјата на нашиот клуб. Но, засега поканата за враќање во Милано е само идеја. Кога ќе се отвори трансфер прозорецот со тренерот ќе видиме што може да се стори“, прокоментира Масара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…