Македонскиот голман Столе Димитриевски веројатно беше најдобриот поединец на Македонија на дебитантскиот настап на Европското првенство.
Димитриевски во секој натпревар имаше по неколку одлични интервенции, а одбрани и пенал. По една статистичка категорија Димитриевски се уште е на врвот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, девет пати нашиот голман расчиствуваше опасност при некое нафрлување на топката. Кога не можеше да ја фати топката тој ја „боксираше“ далеку од казнетиот простор.
Зад Димитриевски е англискот голман Џордан Пикфорд кого го очекува и финалето во недела со пет исфрлања.
Треба да споменеме и дека Димитриевски е еден од шестте голмани кој може да се пофали со одбранет пенал. Останатите се Бушчан, Дубравка, Храдецки, Лорис и Шмајхел.