Претседателот на МОК, Даниел Димевски имаше средба со Претседателот на ИОК, д-р Томас Бах, на која од страна на претседателот Бах беше изразена огромна поддршка од ИОК кон МОК.
Оваа нова зголемена поддршка ќе се однесува на реализација на Олимпискиот план на МОК во насока на поддржување на тренажниот и натпреварувачкиот процес на Олимписките кандидати на МОК, обука на стручниот тренерски и администартивен кадар на Националните спортски федерации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Посебно акцентот е ставен на поставување на нов фотоволтаичен систем на Олимпискиот центар „Јане Сандански“, со кој ќе се заштедат многу финансиски средства и искористат за најдобрите македонски спортисти, а во голем обем ќе се намали и загадувањето на воздухот и на животната средина.
За таа цел, претседателот Даниел Димевски, со посредство на ИОК, го потпиша и Парискиот договор на Обединетите Нации Спорт за климатски промени.