Диего Коста ова лето сигурно ќе го напушти Челзи откако јавно откри дека менаџерот Конте нема да смета на него и дека веќе бара нов клуб.
Познато е дека Коста сака да се врати во Атлетико, но таму нема да може да игра до јануари, па смета дека тој потел може да му го загрози местото во репрезентацијата во година на Мундијалот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Таквата ситуација сакаше да ја искористи Милан кон веднаш стапи во контакт со неговиот агент за да го донесе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ нема да имаат проблем да го платат обештетувањето кое го бара Челзи, но останаа шокирани од барањата на напаѓачот. Имено, неговиот агент Жорге Мендес инсистира на неделна плата од 230.000 евра, сума која е преголема за италијанскиот клуб.
Медиумите тврдат дека поради тоа Милан се откажал од Диего Коста и се свртел кон други цели.