Како што пренесуваат шпанските медиуми, Диего Коста откако бил претставен веќе започнал да „работи“ и на нови засилувања.
Диего Коста минатата сезона беше еден од најзаслужните што Челзи стигна до титулата, но по несогласувањата со Антонио Конте го договори својот трансфер со Атлетико каде што беше претставен во првиот ден од 2018 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 1 јануари Бразилецот со шпански пасош беше претставен на „Ванда Метрополитано“ како ново засилување, а Коста на својот старо/нов клуб би можел да му помогне и во трансфер политиката.
Тој наводно го советувал Диего Симеоне да го доведе Цезар Аспиликуета за кого смета дека би бил големо засилување за „јорганџиите“.
Асипиликуета во овој момент се проценува на вредност околу 20 милиони фунти.