Како и што беше најавувано, Диего Коста, попладнево допатува во Мадрид и во текот на викендот ќе потпише договор со својот поранешен клуб Атлетико Мадрид.
Атлетико на својот Твитер профил објави фотографија од Коста на аеродромот и на тој начин само го потврди неговото враќање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот со шпански пасош пред враќањето во Мадрид зборуваше за односот со Антонио Конте кој преку телефонски разговор му соопштил дека нема да смета на него во сезоната 2017/2018.
„Сините“ одлучија да ја прифатат понудата од 55 милиони евра, плус 10 преку бонуси. Коста својот прв натпревар за Атлетико ќе може да го одигра во јануари.
Atléticos, un amigo os quiere saludar pic.twitter.com/1jN5AoyBSI
— Atlético de Madrid (@Atleti) September 22, 2017