Дома Фудбал Италија Дибала пристигнува во Торино заедно со агентот

Дибала пристигнува во Торино заедно со агентот

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала ќе се врати во Торино во недела за да ги започне подготовките за новата сезона.

Заедно со него во Италија ќе пристигне и неговиот агент, Жорже Антун, кој ќе има средба со раководството на „старата дама“.

Главна тема ќе биде иднината на Аргентинецот, кој веќе влезе во последната година од договорот.

Преговорите за продолжување на соработката беа во застој, но сега ќе продолжат бидејќи едно од барањата на Алегри е Дибала да остане во Јувентус.

Наводно Јувентус е спремен да ги задоволи финаниските бањата и ќе му понуди плата од 10 милиони евра по сезона на 27-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роџерс за Палмер: „Чест е да играме заедно секоја недела“

Морган Роџерс не го крие задоволството што повторно има можност да игра заедно со својот п…