Пауло Дибала ова лето беше ставен на трансфер листа и беше поврзуван со трансфер во неколку клуба, но на крајот остана во Јувентус.
Аргентинската ѕвезда во неделата одигра фантастична партија против Интер, а потоа изјави дека поминал низ тежок период ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова лето воопшто не беше лесно за мене. Да си го слушате името како се поврзува со секој тим и секое место, каде што не сакате да одите, не е убава работа. Мислам дека поважно беше да оставам теренот да зборува отколку јас, иако до последниот ден од преодниот рок ништо не се знаеше“, изјави Дибала.
„Сега чувствувам многу помала тежина на моите рамења и многу сум посмирен. Бев уверен дека под водство на Сари ќе почнам да се забавувам, да работам и да докажам дека вредам. И тоа се обидувам да го правам. Сари и Алегри имаат различни начини на игра и тоа се гледа. Со Алегри направивме многу големи работи, но мислам дека играме понапаѓачки со Сари и играме повеќе со топката“, заклучи Аргентинецот.