Управата на Јувентус и Дибала се уште не постигнале договор за нова соработка.
Италијанските медиуми пренесуваат дека проблем е висината на платата. Јувентус нуди 10 милиони евра годишно, додека менаџерот на играчот бара 15.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дибала во Јувентус пристигна за 40 милиони евра од Палермо во 2015. година, а договорот го продолжи во 2017. година до јуни 2022. година.
Некои клубови веќе покажаа интерес за неговите услуги, па Старата дама сака брзо да реагира. Сепак, за сега преговорите не одат најдобро.
Претходно, интерес за дибала покажаа ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Наводно, и самиот играч е незадоволен од минутажата која ја добива.