Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала ги поминал претходните два дена во Мадрид, а италијанските медиуми веднаш започнаа со шпекулации дека Аргентинецот отишол на преговори со челниците на Реал Мадрид.
Меѓутоа, Дибала во престолнината на Шпанија имаше интересен состанок, но со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата биле видени синоќа на вечерва во еден елитен ресторан во Мадрид, а тоа беше доволно медиумите веднаш да почнат да шпекулираат.
Имено, денешното издание на „Марка“ тврди дека Атлетико го сака Дибала како замена за Гризман, кој на лето ќе ги напушти „јорганџиите“.
Juventus forward Paulo Dybala was spotted having dinner alone with Atletico Madrid Coach Diego Simeone. According to Radio Marca, Simeone was at the table waiting until La Joya arrived at Restaurante Kabuki, where they dined and discussed for the rest of the evening.
— AMMO SPORTS (@ammo_sports) March 21, 2018
Италијанските медиуми пак отвараат друго сценарио, а тоа е дека Симеоне веќе се договорил со Пари Сент Жермен и дека го убедува Дибала да му се придружи во Париз.
Дали станува збор само за вечера на двајца пријатели или нешто повеќе, ќе видиме кога ќе се отвори летниот преоден рок.