Иднината на Пауло Дибала во Јувентус се уште е неизвесна бидејќи Аргентинецот нема ставено потпис на нов договор.
Дибала уверува дека негова најголема желба е да остане во Јувентус, но преговорите помеѓу двете страни не се одбиваат според планот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на „бјанконерите“ му нуди плата од 10 милиони евра, а Дибала не е задоволен, па одолговлекува да стави потпис.
„Доаѓањето во Јувентус беше еден од најсреќните денови во мојот живот. За во иднина имам само две желби, да освојам Лига на шампиони со Јувентус и Мундијалот со Аргентина“, истакна Дибала.
„Да се игра во Јувентус е вистинска емоција, а да се носи дресот со бројот 10 е голема одговорност. Многу работи беа пренесени низ медиумите, а тие немаа никаква поврзаност со реалноста, пласирани беа многу лаги околу мојот договор, јас се гледам себе си уште долго во Јувентус“, додаде Аргентинецот.