Дома Фудбал Италија Де Роси ја доби казната, капитенот на Рома суспендиран

Де Роси ја доби казната, капитенот на Рома суспендиран

Капитенот на Рома ја доби казната, која веројатно е и заслужена.

Фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси е суспендиран на два натпревари поради удирањето на Џанлука Лападула во ремито со Џенова.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Де Роси при водство на својот тим од резултат 1:0 во 69 минута го удри напаѓачот на Џенова без никаква потреба, судијата покажа на белата точка, а токму Лападула погоди за конечни 1:1.

На ветеранот на Рома денес му беше соопштено дека поради неспортското однесување ќе мора да оди на суспензија од два натпревари што значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Спал и Киево.

Рома во овој момент е четврта на табелата со 31 бод, три помалку од Јувентус, но „старата дама“ има и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите не можат да си поверуваат, Реал Мадрид со еден потег ги шокираше!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозни турбуленции, а по најновиот шокантен п…