Дома Фудбал Италија Де Роси: Пред една година добив отказ во второлигаш, сега можам да бидам горд

Де Роси: Пред една година добив отказ во второлигаш, сега можам да бидам горд

Eкипата на Рома не успеа да го победи Леверкузен и трета година по ред да игра европско финале. Натпреварот во Германија заврши 2:2, иако „волчицата“ имаше предност од 0:2, првиот натпревар го загубија токму со тој резултат.

Даниеле Де Роси на клупата на Рома дојде на местото на Жозе Мурињо. За Италијанецот водењето на Рома беше прво искуство Серија А, претходно беше тренер на СПАЛ во Серија Б и таму не помина најдобро.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Пред една година бев тренер на италијански клуб од втора лига и таму добив отказ. Сега можам да бидам горд на моите момци. Бевме одлични на теренот, поразот навистина боли, но јас учам со секој нов натпревар. Честитки до Баер Леверкузен“, изјави Де Роси по натпреварот.

Ќе потсетиме, Рома пред две години со Мурињо ја освои Конференциската лига, а лани играше финале во Лигата на Европа во кое беше поразена од Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…