Дома Трансфер зона Де Роси наместо пари бира историја: Се сели во легендарен клуб!

Де Роси наместо пари бира историја: Се сели во легендарен клуб!

Даниеле де Роси по се изгледа кариерата ќе ја продолжи во Аргентина каде ќе го носи дресот на славната Бока Јуниорс, пренесува „Фокс спортс“.

Истиот извор наведува дека 35 годишниот Де Роси веќе почнал да бара повеќе информации за Бока од неговите поранешните соиграчи од Рома, Бурдисо и Леандро Паредес.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Претседателот на аргентинскиот клуб Даниел Ангеличи, ниту го потврди, ниту го демантираше можниот трансфер на Италијанецот во Аргентина.

„Има време за разговор за засилувањата во јуни и јули. Тогаш ќе треба да се провери дали има понуди за нашите сегашни играчи. Доколку некој замине, тогаш некој друг ќе дојде, но сега мислиме на неделниот натпревар“, изјави претседателот на Бока.

Во недела Де Роси ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Рома и ќе се прости од преполниот „Олимпико“, но како што сам најави нема да стави крај на кариерата.

Освен од Аргентина, понуди за Де Роси има и од САД и Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…