Даниеле Де Роси го одигра последниот натпревар во дресот на Рома, против Парма во последното коло од Серија А за сезоната 2018/19 се збогуваше од саканиот клуб.
Многу се шпекулира за неговата судбина, се поставува прашањето дали ќе си оди во пензија, интерес има од клубовите од МЛС лигата, како и од Бока Јуниорс. Сега, по повод неговото заминување од Рома се огласи и Мохамед Салах, кој ја делеше соблекувалната на „Олимпико“ со Де Роси од 2015. до 2017. година. Салах има само пофални зборови за поранешниот капитен, а има и еден предлог за Италијанецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој е легенда, покрај тоа што е голем пријател. Не знам што уште би рекол за него. Го гледав натпреварот против Парма и поздравувањето на навивачите, тој е легенда на клубот и италијанскиот фудбал. Направи се за Рома, се жртвуваше себе си за тимот и сакам да му се заблагодарам, го сакам и му ја посакувам целата среќа на овој свет. Многу би сакал кога би дошол тука. Не знам дали постои можност, но би сакал да играм со него во мојот клуб. Тој е голем играч и легенда, добредојден е тука“, изјави Салах.
Египќанецот би сакал да го види Италијанецот на „Енфилд“, дали постои шанса тоа да се случи останува да видиме.