Легендата на Рома, Даниеле де Роси по завршувањето на сезоната најверојатно ќе ја напушти Рома, но нема да оди по парите кои му ги нудат во САД и Кина, туку ќе се води исклучиво по фудбалски принципи.
Де Роси во досегашната кариера играше само во Рома, чии член е веќе 15 години, но најверојатно тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќ раководството му нема понудено нов договор.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Иако има богати понуди од САД и Кина, Де Роси изјави дека парите не му се важни и сака да го оствари сонот да заигра за Бока Јуниорс.
„Сега е веројатно вистинското време да остварам уште еден сон. Би сакал да играм во Бока Јуниорс, парите не се важни. Како дете сонував да играм во аргентинското дерби, да ги бранам боите на Бока против Ривер. Се надевам дека ќе добијам шанса“, изјави Де Роси.