Дома Топ вести Де Лихт веќе бара куќа во новиот град?!

Де Лихт веќе бара куќа во новиот град?!

Матијас Де Лихт е еден од најбараните играчи во овој преоден рок, беше блиску до Барселона, но работите се променија.

Младиот капите на Ајакс е голема желба на шпанскиот шампион, меѓутоа Барселона не сака да се бори со конкуренцијата за Де Лихт. Претходно голем број спортски медиуми меѓу кои беше и „Спорт“ тврдеа дека Де Лихт сигурно ќе ја продолжи кариерата во Барселона. Откако неговиот пријател и соиграч од Ајакс Френки Де Јонг го договори трансферот во Барселона, клубот преговараше со неговиот менаџер Мино Раиола и ги договорија платата и условите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона на Де Лихт му понудила шест милиони евра годишно, на што Раиола и играчот се согласиле. Но, неколку месеци подоцна ситуацијата е поинаква. Одличните игри на холандскиот репрезентативец беа причина за него да се интересираат и останатите клубови и тие нудат повеќе од Барселона.

Се споменуваше Јувентус, а сега во прв план се издвои Пари Сен Жермен. Наводно клубот од Париз му нуди плата од 12 милиони евра годишна што е двојно повеќе од она што се спремни да му понудат во Каталонија.

Џанлука Ди Марцио пред неколку дена тврдеше дека младиот стопер сигурно ќе се пресели во ПСЖ.

Сега медиумите дојдоа до интересен податок кој доколку е точен може и да биде потврда дека Де Лихт е многу блиску до преселба во Париз.

Како што се пишува, девојката на Де Лихт веќе барала куќа во Париз и посетила две скапоцени вили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…