Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е познат по тоа дека нема „влакна на јазик“ и со последната изјава повторно крена голема прашина.
На Хосе Калјехон како и на офанзивецот Дрис Мертенс им истекуваат договорите во јуни 2020 година, а и двајцата размислуваат на лето да се преселат на далечниот Исток, поточно во кинеската лига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Де Лаурентис даде свој коментар на оваа тема и ги „пецна“ фудбалерите.
Нови договори за Калјехон и Мертенс? Не сум подготвен за нешто посебно, секој фудбалер си има своја вредност во зависност од тоа каде игра, како игра, колку години има и што прави. Доколку некој посакува да замине во Кина бидејќи таму ќе биде многу платен и да живее две-три години с*ање од живот, тоа е негов проблем. Сите имаат право да изберат каде да бидат среќни и каде да работат за тоа што го сакаат во животот, или тоа да го сторат само за парите, за мене парите имаат значење, но тоа не е крајот, но ако за нив е крајот, тие заминуваат во Кина“, изјави Де Лаурентис.