Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Само ние можеме да му застанеме на патот на Јувентус

Де Лаурентис: Само ние можеме да му застанеме на патот на Јувентус

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за „Раи“ зборуваше после вчерашната победа на неговиот во финалето од Копа Италија против Јувентус.

Де Лаурентис секако беше задоволен после освојувањето на Купот на Италија кој за клубот е прв по 2014 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се радуваме повеќе на овој триумф затоа што многу работи се променија со доаѓањето на Гатузо. Тој успеа да ги сплоти сите фудбалери и да ја пренесе својата идеја за фудбал, резултатот можевме сите да го видиме. Наполи е единствениот тим кој може да му застане на патот на Јувентус. Ги победивме во Купот, ги победивме во Суперкупот, ќе бидам среќен ако тоа се случи и во трката за Скуедото. Можеби не оваа година, меѓутоа очекувам тоа да го направиме веќе во наредната. Не треба да заборавиме дека ја имаме и Лигата на шампионите каде што сонуваме да направиме големи работи“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…