Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис призна дека пред доведувањето на Џенаро Гатузо го контактирал Масимилијано Алегри.
Наполи на почетокот на декември минатата година го отпушти Карло Анчелоти и бараше негова замена. Де Лаурентис имал замислено две имиња – Гатузо и Алегри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот Гатузо пристигна, а останува прашањето што би било ако Алегри се согласел да преговара.
„Сакав да разговарам и со Алегри и со Гатузо. Прво го побарав Алегри со кој имам одличен однос. Кога го побарав тој беше искрен и ми кажа: Аурелио, јас се одмарам, потребно ми е тоа. Нема целосно да ја затворам вратата затоа што имате одличен проект и ние двајца се почитуваме“.
„Потоа го побарав Рино. Дојде во Рим и еве сме, тука каде што сме“, изјави Де Лаурентис.
Ќе потсетиме, Наполи пред две вечери во Рим го освои првиот трофеј после пет години, победувајќи го Јувентус во финалето од купот на пенали.