Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис откри дека веќе имал потпишано договор со Златан Ибрахимовиќ, меѓутоа се пропаднало кога на местото на Анчелоти пристигнал Џенаро Гатузо.
Додека Анчелоти го водел Наполи клубот постигнал договор со Златан Ибрахимовиќ, меѓутоа потоа се случило италијанскиот стратег да добие отказ па договорот пропаднал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Веќе имавме договор со Златан, но тогаш Анчелоти доби отказ и на негово место дојде Гатузо. Гатузо по потписот ми кажа – верувај, не ни е потребен Ибрахимовиќ. Тој беше наш тренер и секако дека морав да му верувам“, изјави Де Лаурентис.
Сепак, епизодата на Гатузо во Наполи не се покажа како успешна, па по неговото заминување сега Наполи е предводен од Лучијано Спалети.