Дома Фудбал Италија Де Бур: Се изненадив што Де Лихт отиде во Јувентус

Де Бур: Се изненадив што Де Лихт отиде во Јувентус

Легендарниот холандски фудбалер и поранешен тренер на Ајакс, Франк де Бур изјави дека е изненаден што Матијас де Лихт заврши во Јувентус.

Де Лихт минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и имаше понуди од многу европски гиганти.

Иако долго време се поврзуваше со трансфер во Барселона, ПСЖ и Манчестер Сити, сепак на крајот младиот дефанзивец потпиша за Јувентус за 75 милиони евра.

„Бев тренер во академијата на Ајакс и веднаш ми се допадна неговииот карактер – сериозен, интелигентен, учтив. Работеше многу и имаше неверојатен талент за дефанзивец. Уште тогаш им кажав на моите соработници дека ќе биде најдобар дефанзивец во светот“, истакна Де Бур.

„Се изненадив што се пресели во Јувентус. Беше логично да потпише за Барселона или Мачестер Сити и тоа од проста причина, тие клубови играат на сличен начин како Ајакс. За Матијас така ќе беше полесно да се адаптира, но апсолутно ја почитувам неговата одлука“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …