Дома Фудбал Репрезентации Де Брујн се налути: Фудбалот е бизнис, ова е лажно првенство!

Де Брујн се налути: Фудбалот е бизнис, ова е лажно првенство!

Ждребот за Европското првенство ќе се одржи на 30-ти ноември, меѓутоа голем број репрезентации веќе знаат дел од противниците во својата група.

Една од тие репрезентации е и Белгија која ќе игра во групата Б. Белгијците знаат дека во групата Б ќе играат со Русија и Данска како едни од 12-те домаќини.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Зошто?

Копенхаген и Санк Петерзбург ќе бидат домаќини на таа група, Русија и Данска мораат да бидат во таа група. На нив ќе им се придружи уште една репрезентација. Тоа не можат да бидат Италија, Англија, Германија и Шпанија бидејќи тие земји се исто така домаќини на ЕП и мораат да играат дома, а не може да биде и Украина бидејќи УЕФА од политички причини не дозволува Украина и Русија да играат во иста група, па така останува само Белгија. Четвртата рперезентација во оваа група ќе биде или Велс или Финска.

Од ваквата ситуација незадоволство истакна Кевин Де Брујн.

„Ждребот за ЕП? Тоа е срамота. За мене ова е лажно првенство. Фудбалот се повеќе станува бизнис“, изјави Де Брујн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…