Дома Останати Ракомет Дејвис: Против Веспрем мораме да бидеме перфектни

Дејвис: Против Веспрем мораме да бидеме перфектни

Давид Дејвис го очекува најтешката задача од кога е на кормилото на Вардар. Три години шпанскиот стратег го водеше Веспрем, а сега токму против овој тим ќе се соочи со Вардар во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Пред натпреварот Дејвис ја препушти фаворитската улога на противничкиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За мене е полесно затоа што знам што сакаат да играат, Веспрем е силна екипа, индивидуално и колективно се одлично. Тие се фаворити, но ние играме дома, Вардар секогаш се бори, посебно на домашен терен. Ќе мораме да бидеме добри во одбраната и да помагаме на голманите, во напад не смееме да губиме многу топки, за да победиме треба да бидеме перфектни цел натпревар“, изјави Дејвис.

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем се игра во четврток од 18:45 часот.

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Данска ѕвезда откри драматични детали: Завршил во болница поради срцето

Данска освои европско злато, во финалето беше подобра од Германија, но за најважниот натпр…