Дома Фудбал Англија Дејвид Мојс се враќа во клубот каде што го имаше најголемиот успех?

Дејвид Мојс се враќа во клубот каде што го имаше најголемиот успех?

Некогашниот менаџер на Евертон Дејвид Мојс наскоро би можел да се врати во клубот од „Гудисон Парк“.

Наводно во клубот веќе размислуваат за смена на Шон Дајч кој сезоната ја започна со три порази.
Дејвид Мојс го водеше Евертон од 2002 до 2013 година и тој период беше еден од најдобрите во историјата на „крамелите“ учествуваа во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, играа финале во ФА Купот…


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


По Евертон имаше неуспешен ангажман во Манчестер Јунајтед, па работеше и во Шпанија во Реал Сосиедад, а сега е без ангажман по отказот во Вест Хем.

Информациите се дека Мојс е прв фаворит за нов тренер, меѓутоа прво треба да се потврди и отказот на Дајч, такво нешто веројатно би се случило ако Евертон продолжи со лошата форма по репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…