Дома Фудбал Англија Дејвид Мојс пред отказ!

Дејвид Мојс пред отказ!

Тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Дејвид Мојс е пред важен натпревар за својата иднина, пренесува британски „Скај“.

Иако вложија прилично многу пари и доведоа некои атрактивни имиња како Џанлука Скамака и Лукас Пакета „чеканите“ се борат за опстанок. Вчера на свој терен беа поразени со 1:5 од Њукасл, па јасно е дека Мојс е под притисок.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според информациите од Островот, Мојс мора да победи или да одигра нерешено против Фулам за викендот, во спротивно ќе биде отпуштен.

Вест Хем само благодарение на гол-разликата е над опасната зона, а има 27 бодови колку и Евертон, Нотингем Форест и Бормут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атрактивната Софија на „Онли Фенс“ заработува повеќе од еден Халанд! (Видео)

Ерлинг Халанд, еден од најистакнатите фудбалери на денешницата, преставува напаѓач на норв…