Претставникот на Македонија на Олимписките игри Дејан Георгиевски уште во првото коло ќе има тешка задача против Рафаел Алба од Куба.
Против Алба Георгиевски ќе се сретне на 27. јули, а борбата ќе биде помеѓу три и четири часот после полноќ по македонско време. Георгиевски пред почетокот на турнирот најави дека ќе оди на златен медал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алба во кариерата беше и двоен светски шампион од 2013 и 2019 година, во 2015 година освои бронза, па на хартија е фаворит против нашиот претставник.