Дома Фудбал Англија Дешамп нема да го повика Зума во репрезентацијата поради случајот со мачката

Дешамп нема да го повика Зума во репрезентацијата поради случајот со мачката

Курт Зума ја плаќа цената за скандалозното однесување со неговата мачка.

Братот на фудбалерот на социјалните мрежи објави снимка на која се гледа како Зума ја шутира мачката, а потоа и ја удира. Неговиот клуб Вест Хем го казни парично со 250.000 евра, а ќе биде казнет и од селекторот на Франција Дидие Дешамп.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Селекторот на Французите ќе го казни Зума така што нема да го повика за мартовските натпревари. Медиумите во Франција пренесуваат дека Дешамп бил лут поради однесувањето на Зума и нема да смета на него за пријателските натпревари против Јужна Африка и Брегот на Слоновата Коска.

Зума за Франција одигра 11 натпревари, а последен пат во репрезентацијата беше повикан во ноември 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа мора да го победи Елче, но да мисли и на реваншот со тимот на Гвардиола

Реал Мадрид вечерва го пречекува Елче, а Алваро Арбелоа ќе ги одмори некои од првотимците …