Дома Трансфер зона „Детето“ на Јуве стравува за своето место, најави заминување?

„Детето“ на Јуве стравува за своето место, најави заминување?

Управата на Јувентус веќе го доведе Блез Матуди, но веројатно тоа не е последното засилување од средниот ред до крајот на овој преоден рок, поради тоа фудбалерот кој израсна во дресот на Јуве би можел да го напушти клубот.

Матуди и фудбалерот од средината кој би требало да пристигне веројатно ќе го потиснат Клаудио Маркизио во втор план, а тоа не му се допаѓа на Италијанецот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Познато е дека Маркизио и претходно имаше одлични понуди од неколку големи европски клубови, но сепак на крајот се одлучуваше да остане верен на „старата дама“.

Маркизио секако дека ќе добие солидна минутажа, но далеку е од тоа дека би можел да биде стандарден во средината на теренот.

Медиумите во Италија тврдат дека е разочаран и дека размислува за заминување. Останува да видиме дали Јуве ќе се одлучи да го пушти единствениот играч во клубот во овој момент кој е производ на нивната школа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…