Дома Фудбал Англија Детето на Астон Вила си го смени дресот со Фабињо, па си го бараше назад 🎥

Детето на Астон Вила си го смени дресот со Фабињо, па си го бараше назад 🎥

Децата на Астон Вила вчера изгубија од Ливерпул во ФА Купот откако целиот прв тим на Вила мораше да оди во Астон Вила.

Далеку од тоа дека младинците на Астон Вила се посрамотија, напротив добро се држеа се до 60. минута кога Ливерпул на брзина постигна три гола и ги постави конечните 1:4. Натпреварот до крајот на својот живот сигурно ќе го памети Луис Бери, 17 годишното момче кое успеа да му даде гол на шампионот на Англија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


После натпреварот токму тој се најде во една интересна ситуација. Бери прво си го замени дресот со Бразилецот Фабињо, но потоа после совет на еден од лицата во стручниот штаб дека за спомен требало да го задржи својот потрча да го стигне Фабињо. Бери го стигна Фабињо му објасни и си го побара назад дресот, ѕвездата на Ливерпул направи голем потег со тоа што својот дрес тој му го остави и не сакаше да си го земе назад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Куче втрча на терен во Кавадарци и го прекина натпреварот Тиквеш – Башкими! (Видео)

На денешниот натпревар во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Башкими видовме и една комична сцена о…