Дома Топ вести Детално објаснување: Зошто за Барселона е (не)возможно да го доведе Меси?

Детално објаснување: Зошто за Барселона е (не)возможно да го доведе Меси?

Нов ден и нов информации околу ситуацијата со Лео Меси и неговото можно враќање. Откако вчера навивачите на Барселона скоро и да славеа по најавите дека Ла Лига го одобрила финансискиот план, сега пристигнува инфорамција дека тоа веројатно не е доволно.

Познатиот каталонски новинар, Жерар Ромеро кој скоро секогаш е добро упатен со случувањата во Барселона детално ја опишува ситуацијата со Меси и објаснува зошто негово враќање во овој момент (не)возможно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Хорхе Меси најави дека Лео одлуката за својата иднина ќе ја донесе најдоцна до среда и истата би требало да ја објави како видео соопштение. Во Барселона прават максимални напори, но клубот е во деликатна ситуација. Не разбирам зошто „кланот“ Меси сето ова го прави.

Барселона е во ќорсокак. Ла Лига ќе го одобри планот, но клубот не може да испрати официјална понуда додека не продаде играчи што е следен чекор за регистрација на договорот на Меси. Клубот мора ИТНО да продава ако сака да го врати Лео и се под огромен притисок. Без продажби Барселона не може да гарантира дека договорот на Меси ќе биде регистриран, во Ла Лига не веруваат само на зборови.

„Продажбите за Меси да се врати буквално мораат да се случат во наредните часови, најмногу за еден ден, во спротивно ќе биде доцна. На сето тоа фудбалерите се во Јапонија каде што ќе играат пријателски натпревар со Висел, па како тогаш клубот може да ги продаде? Ситуацијата е многу деликатна…“

„На мојот соработник Карлос Монфор, Хохе Меси му кажа дела Лео би се согласил и бесплатно да игра за Барселона ако тоа законски е можно. За него Барселона е негов дом, но Хорхе знае дека враќањто на Лео е скоро невозможно бидејќи времето истекува и Меси сака што е можно побрзо се да биде јасно. Спремете се за уште еден ден со ролеркостер емоции“, порача Ромеро.

Има различни информации, но ова е веројатно најдоброто детално објаснување, па останува да следиме што ќе се случува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еден од хероите на Борусија кој е позајмен од Челзи ја „затвори вратата“ за враќање во Лондон

Еден од хероите на пласманот на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите …