Голем број фудбалери поминале навистина тежок пат за да станат она што се денес, една таква ни доаѓа од Премиер лигата.
Напаѓачот на Астон Вила, Весли Мораес многу рано остана без татко, а на само 14 години доби син, а тоа му помогна побрзо да созрее и да стане професионален фудбалер. Се започна во Атлетико Мадрид каде што одработил еден тренинг и дури шест проби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хаха, па бев млад“, низ смеа зборуваше Весли за клупската телевизија.
„Ми беше страв од Диего Коста, Миранда и Раул Гарсија, бев млад и тренирав со нив. Сепак тоа беше фантастично искуство“.
Неговиот татко починал кога тој имал само девет години, па останал да живее со браќата и мајката. Тврди дека тоа го изградило во она што е еден. После секој тренинг тој прво ја бара својата мајка.
„Првото дете го имав на само 14 години. Беше тешко бидејќи во тоа време започнав да играм професионално фудбал. Морав да работам преку ден, а потоа навечер да тренирам“, раскажува Бразилецот.
„На 16 години го добив второто дете. Кога се роди си кажав себеси: Мораш да успееш, мораш да станеш фудбалер. Направив се да станам фудбалер и добро да заработувам за моите деца да не живеат како што живеев јас“, искрен беше напаѓачот на Вила.
Откако му пропаднала пробата во Атлетико, заминал во Франција па во Словачка. Променил дури шест клуба додека не добил прилика во Тренчин.
„Беше тешко првите неколку недели, беше ладно и мислам дека паѓаше снег во првите три месеци кога бев таму. Дојдов од Бразил и не знаев дека е тоолку тешко да се игра фудбал во некои земји. Температурите беа ниски, не бев навикнат на толку ладно“, раскажа Весли.
Блесна во Бриж и со 19 голови го привлече вниманието на Астон Вила каде што игра одлично оваа сезона. Десната нога му е три сантиметри пократка од левата, меѓутоа тоа не го спречи да постигне четири голови во осум натпревари во Премиер лигата.